Грција заработила 15,5 милијарди евра приходи од туристите оваа година
Објавено во: Балкан 29 Септември, 2015 15:57
Покрај тешките месеци што ги преживеа, политичката нестабилност и бегалската криза во Грција има забележителни резултати во туризмот оваа година.
Туристичката 2015-а ќе заврши со 15,5 милијарди евра приходи и 26 милиони туристи за Грција.
Ова го соопшти заменик-министер задолжен за туризам, Елена Кундура. Таа додала дека државата е помеѓу десетте водечки туристички дестинации.
„Туризмот е столб на економскиот развој и социјалната кохезија на Грција“, изјавила Кундура.
Секторот сочинува околу 20 отсто од БДП на земјата и обезбедува еден милион работни места.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




