20 Декември, 2025
0.1884

Грција – земјата на идните енергетски патишта

Објавено во: Балкан 28 Септември, 2015 16:58

Добивај вести на Viber

Грција ќе стане земјата низ која ќе минуваат идните енергетски патишта, и ќе може да понуди можности за развојот на обновливите извори на енергија, уверен е новоизбраниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Можните сектори во кои Атина очекува инвестиции, не само енергетскиот, туку и во туризмот, земјоделството, информатичката технологија, здравство и фармацијата. Од своја страна, Грција планира да инвестира во човечкиот капитал.

Алексис Ципрас е во Њујорк и учествува во Генералното собрание на ОН, пишува „Greek Reporter“.

Грчкиот премиер потсетил за време на дискусијата дека потпишаната трета спасувачка програма била тешка одлука, но таа и обезбедува на земјата финансии во следните три години. Потпишувањето на договорот дава и можност да започнат преговори за намалувањето на долговите на Атина.

На овој начин се создава уште и атмосфера на доверба и економска стабилност, која ќе ги врати инвеститорите во Грција, посочил Ципрас. Тој коментира исто така, дека со потпишувањето на програмата ќе бидат направени реформи во различни сфери, а со дадениот нов мандат од грчкиот народ Владата преземала обврска за намалување на корупцијата и бирократијата - мерки кои се потребни за подобрување на инвестиционата клима во земјата.

Реформите ќе ја направат административната средина подобра за инвеститорите, дополни Ципрас.

„Тоа е насоката во која ќе го возиме автомобилот“, коментирал Ципрас во одговор на констатацијата на Бил Клинтон дека грчкиот премиер е „како куче кое го бркаат автомобили, но она што ќе прави кога ќе ги стигне“.

Алексис Ципрас дополни дека „ужасната дискусија за Grexit“ е завршена. Според него, тоа е важно за странските инвеститори, кои сакаат да знаат дали „валутата ќе биде променета следниот ден или ќе остане иста“.

Грчкиот премиер потсетил и дека грешните одлуки на властите во земјата доведоа до губење на 25% од бруто домашниот производ во последните пет години. „Тоа не е рецесија, туку директна депресија за економијата“, изјавил тој и ветил дека владата ќе работи за реформите, кои ќе придонесат за одржлив раст, со што исто така ги поканил инвеститорите да ја откријат повторно Грција.

Откако потпиша „реален план за обнова на Грција“, Ципрас ќе се бори и за промената на правецот кој го презеде Европа, било јасно уште од неговите зборови пред Бил Клинтон. „Веруваме дека плановите за штедење се лош рецепт за Европа“, додал тој.

Кризата и рецесијата во Европа се причината за брзото зголемување на јавниот долг во Европа и ќе биде тешко заедницата да се врати повторно на патот на растот. Тој ќе бара сојузници во овој потфат не само во Европа, туку и во САД и другите земји.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација