05 Декември, 2025
0.0356

Грците ги враќаат своите пари назад во татковината

Објавено во: Балкан, Финансии 23 Октомври, 2012 20:16

Добивај вести на Viber

Откако трескавична тргнаа да ги изнесуваат своите пари од Грција поради економскиот колапс, Грците, особено оние кои живеат во странство, веќе размислуваат за купување акции и имот во татковината, привлечени од ниските цени и оптимизмот дека нивната земја сепак ќе остане во еврозоната, пишува Ројтерс. Инвеститорите и брокерите на недвижности велат дека интересот за недвижниотсектор од летото е зголемен и постојат знаци на забавување на масовното повлекување на капитал од земјата. „Направени се договори кои претходно беа незамисливи, но во моментов изгледаат логични, бидејќи и надворешниот свет почнува да не сфаќа сериозно", коментира аналитичарот Костас Казолидес кој работи со трансакции со имот во Грција и Кипар веќе 35 години. „Луѓето зборуваат за враќање и купувања. Постојат вили на Миконос кои се достапни за околу 30% од реалната вредност, бидејќи продавачите имаат финансиски тешкотии", додава тој. Стравувањата дека инвестициите и банкарските депозити ќе ја изгубат вредноста ако Грција  ја напушти еврозоната, ги одвраќаше меѓународните инвеститори од купување на евтини имоти и акции  изминатите години. Но коалиционата влада на конзервативниот премиер Андонис Самарас, која дојде на власт во јуни, даде позитивни резултати и ги смири стравувањата од банкрот и излегување на Грција од еврозоната. Податоци на консултантската компанија „Lipper“ покажуваат дека протокот на средства на грчкиот пазар на капитал, останува забавен во 2012 година до 17 милиони евра кон крајот на август, во споредба со 50 милиони евра во 2011 година и 42 милиони евра во 2010 година. И покрај овие причини за оптимизам, сепак се уште има многу фактори кои ги попречуваат инвеститорите, вклучувајќи ја одлуката на најголемата компанија во земјата „Coca Cola Hellenic“, да го премести своето седиште во Швајцарија, а своите акции - на Лондонската берза.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година