19 Декември, 2025
0.2098

Грците го „пресолија“ ДДВ-то

Објавено во: Балкан 23 Јули, 2015 11:48

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на данок на промет во Грција предизвика хаос во кафаните и супермаркетите, приватниците се жалат дека ќе останат без муштерии.

Тешките мерки за Грција се нов данок на остварена добивка која за многу производи и услуги пораснал од 13 на 23 одсто, што е сериозно оптеретување за семејниот буџет, за малата економија, ресторани, услужни активности, но и за градскиот, бродски и авионски сообраќај.

Најмногу проблеми при тоа апсурдни, има кај традиционалното „сувлаки“. Според новите прописи, сувлаки од свинско или пилешко месо има ДДВ од 13 посто, но како обично се соли, се додава пиперка или домат, влегува во категоријата ДДВ од 23 посто.

Угостителите се фаќаат за глава бидејќи не знаат како да им објаснат на купувачите дека наместо 2,4.0 евра нивното сувлаки ќе чини речиси три евра ако го посолат.

Имено, солта е еден од производите кој е во категоријата на повисоко ДДВ како и говедско месо. Во месарите Грците купуваат само пилешко и свинско месо бидејќи говедското е поскапо 10 одсто. Така меленото свинско месо е со ДДВ од 13 одсто а говедско или јунешко 23 одсто.

Се жалат кројачи, обувчари, електричари и водоинсталатери од кои многу велат дека со ДДВ од 23 одсто имаат многу помалку работа. Грчките таксисти пред десетина години биле „цареви на улиците“, сега со часови стојат празни на такси станиците, бидејќи со новите цени, дистанцата која пред десет години чинеше три евра, сега е 11 евра.

До аеродром треба да спремите 40 евра. Поскапел и бродскиот сообраќај и според првите проценки се очекува дека бројот на патници ќе се намали за 30 одсто, а ќе поскапат и авио-картите.

На Западот повторно се движат приказни дека Грците би можеле да продадат некој остров и така да се спасат од банкрот. Вакви иронични наслови во германските весници Грците многу болно ги примаат и доживуваат како посегнување по националниот и територијален интегритет.

Меѓутоа, „силата го менува законот“ па не е можно некој од шест илјади острови да се најде на фамозниот список на приватизација од кој, по договор со Брисел, грчката влада треба да дојде до 50 милијарди евра, кои ќе ги положи во посебен фонд за рефинансирање на банки, отплата на државен долг и проекти за развој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација