Грците масовно се вооружуваат
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2013
Бројот на издадените дозволи за користење оружје во Грција, во екот на 2012 година бележи голем раст. Како што пренесува грчкиот весник Катимерини, според полициските податоци во 2012 година се издадени 52.622 нови дозволи, што е раст од 15,5 отсто во споредба со претходната година.
Според експерти, бројот на одобренија за ловечко оружје е над еден милион, дозволите за поседување пиштоли се околу 5.000, додека од јануари до ноември грчката полиција конфискувала 2.190 парчиња оружје.
Како што неодамна изјави грчкиот министер за јавен ред, Никос Дендиас, од 2008 година барањата за оружје со цел лична заштита се зголемиле за 48 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.