Добивај вести на Viber
„Немаме луксуз да се откажеме од европскиот пат и од нашето атлантско партнерство и да дозволиме руски хибридни авантури во северна Македонија“, изјави првиот вицепремиер Артан Груби на КликПлус на ТВ21.
Тој додава дека политичките партии во Собранието, вклучително и албанските, станале дел од хибридните руски сценарија.
Во овој контекст, тој поврзува два моменти. Средбата на претседателот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин и средбата на опозициските партии минатата година на која беше најавено создавање мнозинство од 61 пратеник за рушење на Владата Заев 2.
„Тоа значи дека ја видовте средбата на господинот Апасиев и неговиот сопартиец Крумов со рускиот амбасадор и агендата што ја имаа при формирањето на коалицијата од 61 пратеник на крајот на декември за рушење на оваа Влада“, рече. Груби.