Груевски го има мандатот, но влада без ВМРО-ДПМНЕ отвара опасни сценарија?
Објавено во: Македонија, Анализа 09 Јануари, 2017 13:40
Претседателот Ѓорге Иванов можеби непотребно, но тактизираше и почека да завршат празниците, за од денес да ја исполни својата уставна надлежност и официјално да го додели мандатот на предводникот на партијата која победила на парламентарните избори, а тоа се Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи нема сомнежи дека Груевски ќе биде новиот мандатар треба да се мисли и на рокот за составување на влада кој истекува на 29 јануари, а како и сите други политички процеси најверојатно и понатаму ќе има тактизирање и „пеглање“ на односите до последен момент.

Засега ракавицата ја фрли Ахмети кој и не така успешно го заврши процесот на носење на заедничка декларација со сите албански партии со цел да покаже дека на прво место му е интересот на албанскиот народ во Македонија. Заедничката платформа се уште не е потпишана од ДПА, БЕСА критикува дека нема да поддржи влада во која има осомничени функционери од СЈО и од случајот Маџар Телеком, додека пак Алијанса на Албанците е како џокер во покер и може да влезе во Влада со ДУИ доколку таму дојде до некакво отцепување на два или три пратеника.

Секако, Груевски сега чуствува огромен притисок бидејќи за време на кампањата и по неа беше жесток критичар на албанската вклученост во СДСМ и неочекувано нивниот добар број на гласачи, наметна негативна реторика за албанскиот јазик и за некаква закана за двојазичност која ниту една албанска партија не ја спомена, ниту пак опозицијата, за сега да мора да разговара со албанскиот фактор во земјава за официјализирање на албанскиот јазик, за државните симболи, за решавање на спорот за името, за поддршка на жестоко критикуваното СЈО од негова страна и многу други тешки теми.

Груевски упати и скриена закана дека нема да биде добро ако ВМРО-ДПМНЕ биде „изиграно“ и никоја од албанските партии не прифати со нив да формира владина коалиција. Последиците може да бидат големи, од пожестока реторика и понатамошни поделби на меѓуетничка и меѓумакедонска основа доколку СДСМ успеа да формира влада, па се до инциденти и жестоки протести на членството на ДПМНЕ кои би довеле до конфликт.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





