09 Октомври, 2024
0.0272

Груевски го искоментира „Рекетот“: „Баравте-гледајте“

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Преку социјалните мрежи Никола Груевски повторно ја коментира ситуацијата во државата и последните случувања.

Неговиот коментар ви го пренесуваме подолу:

„Секој втор ден нова афера, нов скандал. Ако си немаш друга работа, коментирај си.

А што да коментирам кога тие кои мене ме навредуваа и омаловажуваа, а Заев го глорифицираа и величеа, кои полудуваа од хистерија зошто Заев не ме затворил ден порано, сега јавно во медиумите кажуваат дека се чуствуваат за “глупачи” и “идиоти” (цитирано од самите нив).

Си даваат откази од медиуми, се правдаат дека не брцнале кеш во плико од рекетот, а сите знаат дека не му ја мислеле... . Или пак некои избезумено јавно бараат нивниот пулен веќе да си ја затне устата  и да мисли што збори...(пак цитирано). Му држат јавно часови по историја и бараат да си оди и да не ги брука веќе, да не и штети на државата и на македонскиот народ...

Што јас да додадам на тоа...?!

Што да кажам сега за СЈО кога тие што го бранеа, додека во овие две години кажував како лично гледам во судот колку противзаконски, партиски мотивирано и насилнички постапува “строејќи” ги и судиите, сега викаат дека треба ден порано да го нема? Да не им е веќе пред очи. Што да коментирам за тие кои сакаа неправедно да ме затворат, заради криминалот кој го правеле додека ме прогонуваа и се изживуваа со мене и со многу други, сега се тресат на секој шум ... да не дошле по нив... и така искомпромитирани и контаминирани се оградуваат од самите себе.

Да се објаснувам сега со давеникот Заев кој со секоја изјава самиот се “дозакопува во жива кал”, дека додека јас бев премиер НИТУ ЕДЕН учебник по историја во Република Македонија не се смени и последното менување и правење учебници по историја е од времето на СДСМ? - пишува во дел од Фејсбук статусот поранешниот премиер кој во овој момент ужива политички азил во Будимпешта.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл