17 Декември, 2025
0.0583

Груевски и понуди помош на Бугарија за справување со поплавите

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2014 18:12

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски испрати писмо со сочувство до неговиот бугарски колега Пламен Орешарски заради поплавите кои ја зафатија Бугарија и однесоа најмалку 11 животи. Во писмото, Груевски нагласува дека со огромна загриженост ги следи информациите за поплавите кои предизвикуваат жртви и материјални штети во земјата. „Дозволете ми, во овој тежок период за Република Бугарија, од мое лично име, и од името на граѓаните на Република Македонија да изразам длабоко сочувство за жртвите од поплавите. На семејствата кои ги загубија своите најмили, Ве молам да им пренесете дека сочувствуваме со нивната болка и дека нашите молитви и мисли се со нив“, пишува Груевски. „Во духот на искрените и добрососедски односи кои ги имаме и во духот на солидарноста и пријателството на нашите народи, во оваа прилика сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта на Владата на Република Македонија. Подготвени сме во нaјбрз можен рок да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси со цел санирање на штетите кои ги предизвика природната непогода“, се додава во писмото, во кое се изразува надеж дека состојбата што поскоро ќе се нормализира.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии