07 Октомври, 2024
0.0274

ГРУЕВСКИ: Од каде произлегува таа потреба за се и сешто од некого да бараме одобрение?

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот, напиша на Фејсбук екс премиерот Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија. 

„Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментирав дека всушност денес правиме држава. Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов. Всушност формално правно ние имавме држава уште од 2 август 1944 година и ние тој ден на 8 ми септември 1991 година, само прогласивме независност. Но, како дел од Југославија немавме чувство дека вистински имаме држава Македонија, барем не мојата генерација. Сите поважни одлуки се носеа во Белград, а истите такви кои се носеа во Скопје, претходно беа формално или неформално координирани или одобрени од Белград. Дејуре имавме држава, дефакто како да ја немавме или барем чуството ни беше дека немаме целосно своја држава. Но тоа “дејуре” создадено со многу крв и жртви на 2 август 1944 година, всушност многу ни помогна на 8 септември 1991 година, при првата историска шанса, без човечки жртви, со една храбра влада и парламент, храбра партија ВМРО-ДПМНЕ и одлучна генерација Македонци и граѓани на Македонија да стане освен “дејуре” и “дефакто”- независна и суверена држава. Во последните неколку години, ова “дефакто” пак е некако доведено под прашање, ослабнато, бледо, млитаво и прилично пропаднато. Не е како во Југославија, ама и не е како што личи на една вистински независна, но и суверена во носење на одлуките држава. Повторно чекаме некој друг да ни одобри за се и сешто, да ни каже како, кога и слично. Разбирам дека само неколку земји во светот заради својата воена и финасиска сила, како и геостратешка доминантност имаат целосна и полна сувереност, додека останатите мораат да прават одредени компромиси, некој повеќе, некој помалку. Компромиси сме правеле и ние и пред нас, ќе прават и следните генерации. Но тоа има некои граници кои кај нас во Македонија повторно некако во овие речиси две и пол години, како веќе да ги нема“, пишува Груевски. 

Од каде произлегува таа потреба за се и сешто од некого да бараме одобрение или тој да ни ја донесе одлуката за нешто што на почеток и тој неочекува и е изненаден што му се обраќаме, но подоцна се навикнува па се лути ако биде прескокнат, прашува Груевски. 

Можеби ќе ве интересира

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи