ГРУЕВСКИ ОД ОХРИД: Бомбите,протестите, Диво Насеље-сценарио на СДСМ против нашата држава
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 21:42
Лидерот на владеачката партија Никола Груевски од Охрид на митингот зборуваше за сценарио на опозицискиот лидер против сопствената држава.
Стандарни обвинувања упати Груевски на адреса на Заев.
„Дури и на поддржувачите на опозицијата им е јасно дека биле изигрувани и дека и бомбите, и протестите, и шаторите, и Диво Насеље, и закрвувањето на македонците меѓу себе, се било и сеуште е, едно големо сценарио против нашата држава и ништо друго. Опозицијата наместо коректив на власта се претвори во симбол на деструкција во државата. Пробаа се. Беа подготвени да се соединат со секого само за да дојдат на власт. Не им беше важно дали народот ги сака или не, дали им верува или не. За нив друго беше побитно. Секогаш кога ќе се потпреш на друг, а не на тој што треба – на народот, секогаш губиш. Тие го потценија нашиот народ нарекувајќи го со погрдни зборови“, рече Груевски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека народот на овие избори ќе им докаже на сите дека не може на сила, со закани и уцени да се наметнуваат решенија кои немаат поддршка од народот и се спротивни на националните и државни интереси.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




