Груевски од Прдејци: Ќе продолжиме со изградбата на индустриски зони
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2012 15:20
И покрај тешката економска криза со огромните напори што ги прави Владата, имаме сериозен напредок во привлекувањето инвестиции како домашни така и странски, изјави премиерот Никола Груевски за врема на поставувањето камен темелник на нова Технолошко-индустриска развојна зона „Гевгелија“, локалитет Прдејци.
Во близина на гегвелиското село Прдејци почна изградба на Технолошко-индустриска развојна зона - Прдејци што треба да овозможи услови за влез на покрупни инвеститори во гевгелискиот регион и нови работни места. Како што појасни премиерот зоната ќе опфаќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е-75 каде се определни 11 урбанистички блокови за производство, дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности. Покрај зоните во Скопје и Штип, Груевски најави изградба на уште осум слободни индустриски зони чија изградба е зацртана во програмата на Владата.Осврнувајќи се на последниот Извештајот на ИБМ, во кој Македонија е лидер во регионот по новоотворени работни места, Груевски вели тоа е резултат на добро завршената работа на Владата во македонија, но и на целокупната промција, форумите, роуд шоуа и медиумската кампања низ светот.
Според Груевски, не се случајни резултатите во овој извештајот на ИБМ и не е случајно што по многу долг период Македонија ја премина бројката од 300 илјади невработени и падна на 288 илјади.„Јас не се сеќавам кога Македонија имала под 300 илјади невработени. Тоа е еден тренд, тоа не е доволно, јас не велам дека тоа е доволно и дека сме ја завршиле работата, но тоа е добар тренд кој треба да продолжи и со изградбата на вакви зони како што е оваа во Гевгелија и уште останатите 14 зони што почнавме да ги градиме или почнуваме во наредните неколку месеци. Тој тренд ќе продолжи, особено откако ќе стивнат последиците и уделот на европската должничка криза бидејќи нашата економија е силно поврзана со европската економија каде што владее силна должничка криза, односно економска криза и рецесија во еврозоната“, изјави Премиерот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





