20 Декември, 2025
0.0649

ГРУЕВСКИ ОД СТРУГА: Заев има опасна цел за редефинирање на државата

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016 21:37

Добивај вести на Viber

Партијата која е на власт речиси десет години, вечерва оддржува митинг во Струга.

Оттаму пред Стружани, лидерот Груевски говорот го започна со тврдења дека неговиот ривал Заев има за цел редефинирање и федерализација на државата.

Груевски дел од својот говор посвети и на изборната кампања на СДСМ, која како што слушнавме била набрзина напишана колку да се каже дека имаат програма, и дека била препишана и нереална и измислена.

„На брзина напишале програма колку да се рече дека имаат нешто па ветуваат проекти кои веќе, рече Груевски, ние ги реализираме, како автопатот Скопје Штип, Демир Капија Смоквица, Кичево Охрид, како и регионалниот пат Кочани Македонска Каменица Делчево. А на овие делници машини работат. Тоа е понудата на Заев. Измислено, препишано, нереално“, рече Груевски.

Екс премиерот од Струга повторно ветуваше реализација на патишта, инфраструктура, подобар живот.

„Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста која Сдсм и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел“, посочи носителот на изборната едница четири од владеачката партија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки