Груевски: Огласот за функционери можност да се дојде до најспособните
Објавено во: Економија 18 Мај, 2013 18:30
Огласот за вработување функционери и дипломати не го објавуваме зашто мораме, туку зашто сакаме да дојдеме до најспособните, најквалитетни луѓе кои сакаат и се подготвени да извршуваат јавни функции, изјави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на објектот „Вила Тиквеш“ во Стар Дојран, сопственост на АД ЕЛЕМ.
Втората клучна причина поради која се објавува огласот, напомена Груевски, е промовирањето политика на отворени врати. Секој, независно од неговата политичка, партиска, етничка, религиозна или каква било друга припадност, ќе биде прифатен доколку поседува висок квалитет на знаење и капацитет да раководи со значајна државна институција.
- Ова е одлична шанса за луѓето кои не ги познаваме, а имаат големо знаење, капацитет, квалитет и искуство. Како Влада законски не бевме обврзани да објавиме оглас, изборот можевме да го направиме едноставно со назначување некое лице на одредена позиција, но се одлучивме за ваков чекор за да привлечеме колку што е можно поквалитетни кадри, истакна премиерот.
Тој подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија не сака да се затвори, напротив сака да се отвори уште повеќе.
Пред посетата на објектот „Вила Тиквеш“, премиерот Груевски присуствуваше на поставувањето камен-темелник со кој и официјално беше означен почетокот на изградбата на ветерниот парк на ЕЛЕМ во Богданци.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




