06 Декември, 2025
0.0323

Груевски отиде лично да се увери – до каде е реконструкцијата на велешкиот мост „Гемиџии“?

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2014 12:55

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски во Велес денеска изврши увид на текот на градежните работи за реконструкција на мостот „Гемиџии“, кој започна да се санира во февруари. Мостот е изграден во периодот меѓу 1958 и 1960 година и ова е прва негова посериозна санација. Инвестицијата е во вредност од речиси 32 милиони денари. Мостот „Гемиџии“ е едно од обележјата на Велес - долг е 172 метри, а широк 11,3 метри, додека ширината на коловозот кој поминува по него е 7 метри. Имаше видливи оштетувања на бетонските површини, коловозите и тротоарите. Реконструкцијата на мостот ќе се одвива во фази и предвидено е да трае една година. Во рамките на посетата на Велес, Груевски денеска го пушта во употреба модернизираниот градски стадион, на кој ќе има услови да се играат и меѓународни натпревари. Тревата на стадионот е заменета со вештачка, а се обновуваат и трибините. Во Велес официјално ќе биде пуште во употреба и новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, како и овоизградениот парк „Васил Главинов“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија