05 Декември, 2025
0.1238

Груевски „распука“ по Заев во неговата Струмица - Кој лидер заврши повеќе работа?

Објавено во: Анализа 09 Октомври, 2017 08:18

Добивај вести на Viber

Груевски на вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица која се смета за срцето на неговиот најлут политички ривал Зоран Заев се обиде директно да го нападне и да им докаже на струмичани дека актуелниот премиер треба да биде казнет за политиките кои ги води и дека всушност поранешната влада на Груевски направила многу повеќе за Струмица отколку Заев како нејзин долгогодишен градоначалник. 

Груевски не го споменуваше Заев директно по име што е типично за ВМРО-ДПМНЕ ќе ве потсетиме на флоскулата лицето Б.Ц., но тоа не значи дека го „поштеди“ во својот говор нарекувајќи го политичар кој нема патриотски чуства, дека не ги почитувал националните симболи и дека е на пат да ја уништи македонската економија. Говорот на Груевски е обемен па затоа ќе ви селектираме неколку поважни поенти.

- Лицето кое ја води СДСМ не вреди, заслужувате подобро. Вие заслужувате подобро. Затоа што овој човек не е загрижен за намалување на невработеноста, не е загрижен за развојот и напредокот на нашите градови и општини, за обезбедување на среќата и спокојството на вашите семејства. Погледнете дека тој не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените, ги нема во својата агенда. Тој нема љубов кон знамето и татковината. Ова првенствено се должи на неговата единствена агенда: Груевски. Тој за мене зборува 24 часа на ден. Зошто? Затоа што многу добро знае дека нема капацитет и способност да преземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што ние досега сме го направиле. Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија, посочи Груевски на вчерашниот митинг во Струмица.

Најгрубите зборови со кои Груевски го нападна Заев е токму употребата на струмичкиот карневал кој гордост на градот за да го навреди својот ривал.

- Изгледа дека нема да има лице и храброст да научи, но ајде ние да го научиме. Тој само парадира секојдневно како да е карневал во Струмица. Тој е празен човек, празен човек. Тој не може да постигне ништо. Но, тој заслужува добра лекција, изјави Груевски.

Откако направивме анализа на говорите на Зоран Заев од централниот митинг на СДСМ во Скопје и поеднакво важниот митинг на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНе во Струмица, што мислите кој од двата партиски лидера заврши подобра работа?

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени