Груевски ветува дека новите инвестиции ќе влијаат на зголемување на платите
Објавено во: Економија 29 Мај, 2016 19:02
Oтворањето на нови работни места постепено ќе доведуваат до притисок на пазарот на работна сила во правец на зголемување на платите на работниците. Ова ќе се случи затоа што колку помалку има невработени, толку повеќе ќе расте цената на трудот. И обратно. Кога има премногу луѓе што по секоја цена бараат работа, цената на трудот опаѓа. Ова, пак, ќе значи подигнување на заработувачката и на животниот стандард на населението, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за Телеграф.
Ако еден работодавач има на располагање илјадници невработени што би работеле за, на пример, 200 или 300 евра месечно, зошто тој би плаќал повеќе. Но ако има многу малку такви, и згора на тоа поспособните веќе се вработени, а нему му требаат такви, тогаш тој самиот, без некој да го тера, без штрајкови или владини интервенции, ќе почне да нуди повисоки плати. Значи, патот до реално повисоки плати и повисок животен стандард оди преку намалување на невработеноста, што истовремено мора да е проследено и со зголемување на продуктивноста. А токму тоа се случува во овие години. Постојано намалување на невработеноста преку создадени одлични услови за водење бизнис и одлична воспоставена мрежа на контакти со потенцијалните инвеститори.
Погледнете, додава Груевски, кога дојдовме во Владата Светска банка нè рангираше на 94. место во светот, според условите за водење бизнис. Сега нè рангира на 12. место во светот и шесто во Европа, и тоа веднаш зад четирите скандинавски земји и Англија кои, пак, имаат далеку поголеми трошоци за работа и производство.
Како прв човек на најголемата владејачка партија, која пред сè е насочена кон приоритетите на граѓаните, овој процес детално го следам. Еве, од почетокот на годинава досега имаме 17 нови странски инвестиции. Дел од нив почнаа градба на фабрика, дел работат во некој постоечки, а претходно напуштен објект, дел по долги преговори потпишаа договор со Владата, дел ги завршија инвестициите и почнаа со работа, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




