24 Ноември, 2024
0.0316

ГРУЕВСКИ ВО ОДБРАНА НА ЛЕТОТ СО БИЗНИС КЛАСА НА ВМРО-ДПМНЕ: Во светот, премиерите и министрите патуваат со бизнис класа, Македонија не треба да се разликува

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Деновиве актуелно е патувањето на власта во САД со бизнис класа, за што пристигнаа низа критики од страна на опозицијата.

Во одбрана на Мицкоски и министрите што патуваа, застана поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој вели дека треба да се гледаат резултатите а не летот.

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ НА ВЛАСТА

“Успехот е резултат на голем број исправно донесени одлуки”

“Филозофијата” или начинот на размислување на сиромашниот човек е да заштеди, а “филозофијата” на богатиот е како да заработи.

Ова не значи дека штедењето е неважно во економиите на државите или домашните буџети, но тоа нема никогаш да ве направи богати. Владите треба да носат големи успеси и да овозможуваат подобар и побогат живот за сите граѓани.

Многу политичари во Македонија се занимаваат со маргинални популистички прашања одвлекувајки го вниманието на народот од важните теми и не препознавајки ги суштинските и вистински значајни теми за народот. Често тие критикуваат практики кои самите ги применувале кога биле на власт.

Пример за ова е набавката на блиндирано возило во 2012 година, која беше критикувана, а потоа користена од новата власт за политички мотивиран прогон, за во исто време од истите тоа возило да биде максимално користено. Слично е и сега, со критиките за користењето на прва класа на летови од страна на премиерот и министрите во прекуокеански лет.

Во светот, без исклучок премиерите и министрите патуваат со бизнис или прва класа. Македонија не треба да се разликува.

Наместо да се фокусира на вакви тривијални теми, опозицијата треба да се занимава со ефектите и резултатите од патувањата на државните функционери, како што се носењето на инвестиции, привлекувањето приливи на приходи по разни основи, зајакнување на политичките позиции на државата, лобирање и резултати од тоа, идеи за реформи кои ќе го подобрат животниот стандард на народот и нови можности за државата. Да каже што тие би направиле, а власта пропуштила во таквите патувања. Да ги следи објавените договори на власта од тие патувања и да ги критикува ако не се исполнат како што е ветено и кажано.

Народот треба да бара од политичарите реални резултати кои ќе ја издигнат Македонија на врвот на балканските земји за почеток, да бара исполнување на дадените ветувања од власта, видлив напредок на сите полиња, а не лажна скромност.

Потребни се политичари кои ќе донесат големи инвестиции и ќе ја подобрат економијата и животниот стандард на народот, ќе создадат силни, функционални и независни институции, ќе ја придвижат земјата кон ЕУ, а не оние кои штедат за буџетот незначителни износи, но прават големи милионски штети на криминал, корупција, или на погрешно донесени одлуки, како што имавме многу во последните седум години. И како што имавме премиери и министри кои продаваа лажна скромност а преку семејните градежни фирми преку формата на подизведувачи заработија стотици милиони евра, или министри кои преку овозможување монопол на 4-5 веледрогерии овозможија прелевање на исто така стотици милиони евра кај тие фирми, веројатно со некаква сериозна лична корист од тие чекори.

Во минатото, владата која ја предводев воведе рестрикции за користење на бизнис класа која е мошне рестриктивна и која самите од опозицијата тврдат дека ја почитувале во нивниот мандат, а познавајќи го тој подзаконски акт, гледам дека и при ова патување се почитувал. Со него меѓудругото се оневозможи користење прва класа на летови за министрите за кратки летови под пет часа, и се наложи да се купуваат најевтините билети на располагање независно од дестинациите на патување. Овие мерки беа за да се спречат злоупотреби, но фокусот треба да биде на резултатите инефектите од патувањата за државата и за народот. На умешноста на политичарите од патувањата и контактите да донесат успеси и подобар живот за сите.

Македонија треба да се фокусира на суштински дебати и реформи, а не на тривијални прашања.

Опозиција со слаб капацитет, ќе ја направи и власта послаба и поопуштена. Опозицијата треба да се натпреварува со идеи и проекти кои ќе ја подобрат државата, а не со манипулации и лицемерие. Само така има шанси да успее.

Затоа власта не треба да прифати натпревар на поле на маргинални и неважни теми, туку да ја извлече опозицијата на површината на полето на големите проекти и реформи, придвижувања напред, важните државни одлуки, поточно на полето на кое е натпреварот во успешните држави, и да наметне натпревар на тоа ниво.

Така и двете ќе имаат корист во меѓусебниот натпревар бидејќи ќе резултира со напредок од кој најмногу корист ќе има народот.

Народот сигурно ќе го препознае и ќе го почитува тоа.

Тоа е вистинското поле за натпревар“, напиша тој на Фејсбук.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури