ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2024
Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето на воздухот, но и за поголема безбедност во сообраќајот.
Околу 14 километри треба да биде обиколницата од кај село Марена до висорамнината Витачево.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за МИА, објаснува дека со заобиколницата се планираат и четири кружни тека, со можност за влез во градот од четири различни локации. Само проектот би чинел околу 400 илјади евра, основен, изведбен, ревизиран проект. Цената за обиколницата не би била помалку од 12 до 14 милиони евра. Се бара од државата стопроцентно да изнајде финансиски средства за оваа инвестиција за регионален транзитен пат или регионална артерија. Целосно да биде инвестиција на државата.
Лани и оваа година, Кавадарци е меѓу најзагадените македонски градови. Мерните станици утрово покажуваат дека воздухот во градот е многу ниско загаден.
фото Фејсбук/Митко Јанчев
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.