01 Септември, 2024
0.0335

Груевски: Во Сопиште, по Сончев Град ќе се градат и други три слични блока

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Лопатите се „удрени“ - почна да се гради патот до Сончев Град. Со изградбата на регионалниот пат што старуваше денеска се отвора можност покрај населбата Сончев Град, да се изградат и други три слични блока, изјави премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, градоначалникот на Сопшите Стефче Трпковски и директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски присуствуваа на официјалниот старт на градежните работи. Владата очекува дека турските инвеститори од Џеваир Холдинг, идната година ќе почнат со изгрдба на елитната населба. Регионалниот пат ќе ја поврзува населбата Сончев Град, што доправа треба да се гради, со Центар и Сопиште. Според проектот, патот ќе има вкупна должината од 4,4 километри, со две коловозни ленти од по три метри, четири крака и банкини од по еден метар од двете страни. Се предвидува изградбата да биде завршена за 18 месеци. Вкупната инвестиција ќе чини 6,7 милиони евра, а парите се обезбедени од Буџетот. Изградбата на патот до населбата е обврска на државата, дедека самата населба треба да ја гради турската компанија Џеваир Холдинг.
„Со изградбата на патот, жителите на Сопиште веќе нема да треба да одат по заобиколниот пат од Кисела Вода, туку директно ќе се поврзат со центрот на градот. Со регионалниот пат се отвора и можност покрај населбата Сончев Град да се изградат уште три други слични блока“, изјави премиерот Никола Груевски.
Реализацијата на сите овие проекти има за цел подобрување на транспортната инфраструкутра како основа за повисок животен стандард, поголема безбедност на сообраќајот, но и привлекување странски инвеститори, изјави  министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески посочувајќи дека со изградбата на овој пат пополека, но сигурно почнува изградбата на инфраструктурата неопходна за населбата Сончев Град.
„ Оваа делница ќе придонесе за развој на инфраструктурата во Сопиште. Покрај тоа што ќе ја користат идните жители на населбата Сончев Град, која ќе биде лоцирана веднаш над патот, ќе можат да ја користат и сите жители на Сопиште“, рече Јанакиески и изрази надеж дека идната година ќе почне и изградбата на населбата.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека со изградбата на овој пат ќе се обезбеди подобра комуникација на општината Сопиште со градот Скопје. Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски рече дека изградбата на регионалниот пат покрај директното поврзување со општина Центар ќе овозможи и поголем локален економски равој, како и подобрување на стандардот на граѓаните. Турски претставници на инвеститорот – на средба со жителите на Патишка река? Фактор, минатата недела веќе објави дека градежната машинерија е на терен, а работниците со багерите и камионите ја копаат трасата каде ќе биде патот што Сончев град ќе го спои со централното градско подрачје. Изградбата на регионалниот пат, со кој населбата Сончев град треба да добие дирекна врска со метрополата, е обврска на државата, додека пак населбата ја гради турската компанија Џеваир Холдинг, која ги гради висококатниците во Аеродром. Иако, обврска на општината е да донесе водовод до Сончев град, сепак според неофицијалните информации на Фактор, претставници на турскиот инвеститор пред извесно време ги посетиле жителите на Патишка река. Целта на посетата била да ги убедат да не прават проблеми околу водоводот што оттаму треба да се донесе до Сончев град. Според сознанијата на Фактор, разговорите меѓу жителите на Патишка река и турските претставници поминале оптимистички и голема е веројатноста дека заедничко решение е на повидок. Водоводот беше и еден од клучните спорови поради што овој мега-проект досега беше заглавен само на хартија. Жителите на Патишка река изминативе години не дозволуваа да отпочне изградбата на водоводот и да стигне до Сончев град. Го блокираа поставувањето на цевките. Целата ситуација ескалираше кога, сега веќе поранешниот градоначалник на општина Сопиште се обиде со полициска асистенција да го реши спорот што го има со жителите. Кордони полицајци беа испратени во Патишка река. Додека полицијата обезбедуваше – багерите работеа. Се копаа канали, се поставуваа цевки за вода. Но потоа проектот повторно запре. Водоводот не се изгради, општината се задолжи со милионски суми за полициската асистенција, а подоцна тогашните инвеститори од Израел си замина и се откажаа од проектот поради повеќето пречки на кои наидоа во реализацијата на проектот. Следуваше нов тендер за продажба на локацијата за изградба на елитната населба на јужните падини на Водно. Земјиштето го купи турската Џеваир Холдинг. Дали тие ќе успеат да го реализираат овој проект кој неколкупати пропаѓа останува да се види. Сегашниот градоначалник на општина Сопиште, пред да стапи на функцијата, во екот на изборната кампања во интервју за Фактор посочи дека е оптимист и оти очекува да се најде решение за спорот со жителите од Патишка река, кои не ја даваат водата. „Имаше одредени несакани настани, но тие се веќе во минатото и затоа јас Ве уверувам дека во комуникација и соработка со жителите од Патишка Река ќе се обидеме да најдеме прифатливо решение, кое ќе биде во интерес на сите. На еден поинаков и искрен начин ќе се обидеме да го решиме недоразбирањето, со разговор и слушање на сите страни и аргумети што ги имаат засегнатите, изјави градоначалникот Трпковски пред три месеци за Фактор. фото:Вечер

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка