Групација на небанкарски финансиски друштва: Со стапувањето на сила на измените од јули 2023 година, бројот на финансиски друштва се намали на 27
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2025 14:49
Групацијата на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија ги обединува и застапува интересите на најголемите 20 финансиски друштваод вкупно 27 во Република Македонија, или 74 oтсто од пазарот. Приоритет на Групацијата секогаш бил и останува етичко и одговорно кредитирање без презадолжување на клиентите, како и финансиска едукација на граѓаните во однос на внимателно планирање на личните финансии и семејниот буџет.

Ø Финансиските друштва работат по законска регулатива исто како и сите останати компании (банки, осигурителни друштва, лизинг компании, итн.) присутни во финансискиот систем на Македонија.
Македонија денес ја има една од најстрогите регулативи во Европа, која успешно ги комбинира технолошките иновации со заштитата на корисниците. Во изминативе години Министерството за финансии, кој е регулатор на финансиските друштва, засилено работеше на дорегулирање на финтек индустријата. Во јули 2023 година беа направени дополнителни измени во Законот за финансиски друштва, со цел поголема заштита на потрошувачите, зајакнати процедури во работењето и поголема транспарентност во јавноста. Со измените во доменот на заштита на потрошувачите беше утврден максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот, а се укина и можноста за рефинансирање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво. Дополнително со измените се зајакна и корпоративното управување на друштвата со зголемување на минималниот основен влог на 500.000 евра, наместо дотогашните 100.000 евра, како и задолжителното вработување на економист и правник во финансиските друштва.
Врз основа на Законот, во април 2024 година Министерството за финансии донесе и Правилник за кредитен ризик, со кој потрошувачите се заштитуваат од презадолжување, односно учеството на месечните обврски во месечниот приход не смее да надмине 70%. Нивото на задолжување на секој поединечен клиент, утврдено во Правилникот за кредитен ризик, ќе помогне не само на населението, туку и на финансиските друштва во остварување на здрав и квалитетен раст. Намалениот степен на ризик и намалените трошоци за исправка на вредност на ризичните пласмани ќе резултираат во постабилен развој и подобар статус на финансиските друштва. Додека ограничувањата на вкупните трошоци, воведени од страна на регулаторот пред повеќе од една година, ќе го намалуваат профитот на друштвата, се очекува намалениот трошок за ризични пласмани да ги намали расходите на друштвото и да ги одржи во здрава финансиска кондиција на пазарот.
Ø Досегашни ефекти од примената на измените на законската регулатива:
- Со стапувањето на сила на измените од јули 2023 година, бројот на финансиски друштва се намали на 27, за разлика од 2022 година кога беа активни 35 друштва, што значи дека новите регулативи овозможиле “опстанок”, само на оние кои имале капацитет да се придржуваат кон новите регулативи. За оние друштва кај кои интерните процедури и системи беа прилагодени уште пред новиот Правилник, и работеа целосно етички и транспарентно, сево ова не само што не предизвика никакви потреси, туку им овозможи фер, унифицирана и стандардизирана законска средина за работење.
- Динамиката на кредитирањето во финтек индустријата е значително намалена, земајќи ги во предвид новите регулаторни мерки кои предвидуваат минимален капитал, максимална стапка на вкупни трошоци – СВТ, како и коефициент на задолженост изразен преку односот на вкупните месечни кредитни обврски на физичкото лице и месечниот приход, со цел дополнителна заштита и контрола во служба на граѓаните, корисници на услугите на финансиските друштва.
- Со Правилникот за заштита на граѓаните од подигање кредити од финансиско друштво на нивно име од трети лица, се воспостави ред и измамите се сведени на минимум. Изминативе години имаше бројни пријави до МВР за измами со личните податоци, по стапувањето во сила на новиот Закон и тоа скоро да го нема.
- Динамиката на кредитирањето во финтек индустријата во текот на 2024 година е значително намалена споредено со претходните години, како резултат на новите регулаторни измени. Кредитниот раст во небанкарските финансиски друштва со третиот квартал за 2024 година изнесува 7 отсто, што е скоро изедначен со кредитниот раст од 6 отсто во банкарскиот сектор во земјата, додека во вкупната актива на финансискиот систем во земјава, финансиските друштва учествуваат со само 1.1 отсто.
- Во меѓувреме, со инвестиции во технологија се овозможи и автоматска верификација на документите, преку воведување на регистрирани шеми за електронска идентификација на клиентите, со цел спречување на можни измами.
- Корисниците се повеќе преферираат финтек услуги, не затоа што не се погодни да користат услуги од банка, туку заради едноставноста, достапноста, брзината, транспарентноста, односно заради подобреното корисничко искуство во финтек компаниите.
- Финансиските друштва плаќаат повеќе данок од банките бидејќи исправката на вредност им е непризнаен трошок.
Ви стоиме на располагање за секаков тип на информации, средба или запознавање, што би ни претставувало особено задоволство.
Со почит,
Групација на небанкарски финансиски друштва
Стопанската Комора на Северна Македонија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце





