Групацијата на Карлос Слим планира да инвестира во ИКТ областа во Македонија
Објавено во: Економија 30 Април, 2013
Конкретни детали разгледува бизнис групацијата Карлос Слим за реализација на инвестиција во информатичко-комуникациската технологија во Македонија. Подготвеноста за преминување на одлуките за инвестирање во понапредна фаза ја пренесе Карлос Слим Јуниор, извршен директор на групацијата и син на најбогатиот човек во светот на средба со македонскиот премиер Никола Груевски.
Карлос Слим Јуниор, соопшти денеска владината служба за информирање, истакна сериозен и извесен интерес за опциите и можностите за инвестиции во нашата земја во областа на информатичко-комунакциските технологии, за што посочи дека неговата бизнис групација веќе ги интензивира, активно ги анализира и продлабочено ги разгледува конкретните детали кои би воделе кон реализација на инвестиција. Тој ја изрази подготвеноста за идно преминување на нивните одлуки во однос на инвестициите во Македонија во многу понапредни фази. Беше покажан и интерес за разгледување на поволностите за инвестиции и во други економски сектори, се вели во соопштението.
Извршниот директор Карлос Слим Јуниор истакнал и дека неговата групација ја почитува реформската агенда на македонската Влада во областите на економијата, образованието, информатичко-комуникациските технологии и во други општествени сфери.
Премиерот Груевски, кој со владин економски тим во Мексико ги претставуваат можностите за инвестирање во Македонија, се заблагодарил за целокупната логистичка поддршка која ја овозможува групацијата на Карлос Слим за промоција на македонските економски и општествени интереси.
Слим Јуниор и Груевски се согласиле дека соработката помеѓу двете страни во идниот период ќе се реализира на многу подинамичен начин и со поинтензивна комуникација.
- На средбата е поздравено силното пријателство кое постои помеѓу Република Македонија и бизнис групацијата на Карлос Слим кое се карактеризира со меѓусебно почитување, поддршка и интенција за конкретна соработка на проекти, се вели во соопштението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.