„ГТЦ ФОРУМ“ за заштита на архитектурата на објектот
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2013 15:20
„ГТЦ ФОРУМ“ е трет од серијата настани како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.
Седумдесет проценти од објектот на ГТЦ е јавен простор. Тој, архитектонски, претставува „реплика“ на агора/форум, која ги канализира и физички ги опслужува општествените потреби на граѓаните на Скопје во последните четири децении.
Во таа смисла, „ГТЦ ФОРУМ“ претставува надоврзување на основната функција на овој објект како јавен простор. „ГТЦ ФОРУМ“ за првпат ќе се случи утре, во Паркот „Жена-борец“ (кај споменикот на Славко Јаневски), со почеток во 20:00 часот.
Во дискусијата покрај најавените Никс Чаусидис, Гоце Аџимитревски, Доминка Бошкова, Зоран Петровски, Александар Писарев, Бојан Иванов, Синоличка Трпкова, слободно ќе можат да се вклучат сите оние кои сметаат дека за овој проблем треба да се разговара јавно. На овој настан повторно ќе се собираат потписи за петицијата за зачувување на ГТЦ во неговата автентична физичка состојба, ќе се пишуваат мислења за самиот ГТЦ и пораки до архитектите на новата фасада и до управата на ГТЦ, а ќе може и да си земете маички „Го сакам ГТЦ“ по набавна цена од 250 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





