17 Декември, 2025
0.0393

Гувернерката на српската Народна банка нападната во хотелска соба?

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2014 11:05

Добивај вести на Viber

Гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ имала „блиска средба“ со провалник во нејзината хотелска соба во Милочер, Црна Гора, но повеќе информации за инцидентот не се објавени. Таа за српските медиуми сама го открила нападот кој се случил за време на економски форум во Црна Гора и додала дека е „чудно и загрижувачки тоа што се случило и што полицијата не излегува со дополнителни податоци“. Управата на црногорската полиција потврдила дека гувернерката доживеала „непријатност“ во хотелот „Маестрал“ во Милочер, за време на економскиот форум, а настанот се третира како грабеж во обид. Била известена и српската полиција, која од црногорските колеги добила информација дека „најверојатно станува збор за случаен упад на крадци во собата на гувернерката на Народната банка на Србија, а не за намерен обид токму таа да биде ограбена или нападната“. Табаковиќ изјавила дека во текот на ноќта се разбудила и го забележала провалникот кој претурал по нејзините работи, а потоа мирно ја напуштил собата. Тој излегол низ терасата, иако собата била на четвртиот кат. Таа не е уверена дека мотивот е кражба, со оглед на тоа што наводниот крадец не зел ништо од вредните предмети - ниту накитот опставен на масата, ниту мобилните телефони, ниту Ајпадот, ниту пасошот, ниту новчаникот - само мал неугледен несесер од дното на торбата во кој се наоѓале лековите за срце на гувернерката. „Не е непознато дека страдам од сериозно хронично срцево заболување, а секој на доручек можеше да види дека пијам лекови токму од тој несесер“, вели Табаковиќ. Не сака да прејудицира за мотивите, но вели дека е свесно оти заради нејзината работа на многумина им одговара да биде во состојба на страв. Сепак, најавува дека ќе продолжи да си ја работи својата работа како и досега.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни