Гувернерот на грчката централна банка бара итно спроведување на реформите
Објавено во: Свет 11 Јули, 2012 10:46
Гувернерот на грчката централна банка Јоргос Провопулос повика за итно спроведување на реформите, за забрзување на приватизацијата и за искористување на државниот имот во рамките на планот за приватизација на Владата со цел за надминување на кризата, пишува весникот „Експрес“.
На состанокот со претседателот Каролос Папуљас првиот банкар во Грција изјави, дека постои тенденција за враќање на штедните влогови, повлечени од банките поради зголемената несигурност во земјата за време на парламентарните избори на 17 јуни.
- Ќе треба да дејствуваме многу брзо за да надоместиме за изгубеното, изјави Провопулос. Тој истакна дека премиерот Андонис Самарас е решен и подготвен да дејствува брзо и итно за постигнување економски раст, забрзување на приватизацијата и отворање нови работни места.
Провопулос истакна дека во периодот меѓу двете гласања во мај и јуни од банките се повлечени 12 милијарди евра, но појасни дека по изборите во јуни досега во банките се вратени влогови во висина од 5 милијарди евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија





