29 Септември, 2024
0.0243

H & M е потрошувач број еден на органски памук?

Објавено во: Анализа 11 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Минатата недела пејачот Нил Јанг замоли преку својата фан страна ги замоли своите фанови да го следат во бојкотот на неоргански памук. "Потребни се 2700 литри вода за одгледување на памук за производство само на една маица ... Тоа е доволно количество, со што еден човек може да помине 900 дена или доволно вода, која можете да ја искористите во тоалетот 270 пати", истакнува рок музичарот, кој е долгогодишен конзерватор. Повикот на Јанг се совпадна со излегувањето на годишниот извештај за 2013 година за органскиот памук, објавен од Textile Exchange, кој погледнува кон десетте најголеми корисници на органски памук по обем и раст. Оваа година синџирот за брза мода H & M се појави како број еден корисник на органски памук, заедно со C & A, Puma и Nike. Во 2012 година процентот на употребениот органски памук од H & M беше 7,8%, а една година подоцна се зголеми до 10,8%, наведува Triple Pundit. Но листата на Textile Exchange не е целосена. Во неа влегуваат само податоци за трговците на мало кои доброволно дале информации. Оваа година 80 компании се одлучија да ги обезбедат сличните податоци. Најголемиот трговец на мало во светот - Wal-Mart, не се вклучи во истражувањето. Според зборовите на владеачкиот директор на Textile Exchange, Лери Пепер компанијата не учествувала со години. Во однос на растот Пепер наведува дека "некои компании се со троцифрени индикатори, додека други со двоцифрени". Компанијата наречена Stanley & Stella ја предводи листата за 2013 година, заедно со Target. H & М и C & A останаа на осмото и деветтото место по раст, веднаш зад нив е Inditex, компанијата за брза мода, која стои зад Zara. Памукот е меѓу најзагадените култури во светот поради големото користење на инсектициди. Свеста на потрошувачите ги притиска компаниите да бараат почисти можности, а голем дел од побарувачката е управувана од желбата за наоѓање на децата облека со подобар квалитет, наведува Барбара Хамата, постар уредник во Association Organic Trade. Американскиот пазар на органски памук достигна 960 милиони долари минатата година, со 16,2% повеќе од 2012 година, наведува Хауман. Растот е стабилен од 2003 година, кога на пазарот достигна едвај 85 милиони долари. K.K.