05 Декември, 2025
0.1047

H & M, Zara и Mango компаниите кои брзаат да ја окупираат Европа

Објавено во: Анализа, Економија 14 Февруари, 2015 08:51

Добивај вести на Viber

H & M, Zara и Mango - ова се првите 3 глобални трговски компании кои имаат најмногу агресивна стратегија за експанзија во Европа во 2015 година, покажуваат податоците на консултантската компанија JLL. Компанијата е истражувала 57 градови на Стариот континент, кои се најатрактивни за глобалните трговски компании. Во изминатите години највидливо е зајакнувањето на присуството во големите градови на H & M. Централна и Источна Европа како целина е по привлечен пазар за глобалните трговци, се наведува во извештајот. Најомилен се докажува Киев, и покрај конфликтот во Украина во моментов, Белград, Загреб, Анкара, Братислава и Букурешт. Топ 10 глобалните трговски синџири, кои имаат сериозни планови за проширување на европскиот пазар, ги вклучува уште The Body Shop, Benetton, Lush, Hugo Boss, Diesel, Tommy Hilfiger и Timberland. Меѓу водечките 25 компании се најдоа и синџирот кафетерии Starbucks, синџирот за спортски артикли Adidas, производителот на луксузни стоки Louis Vuitton, синџирот на облека Max Mara, Apple и други. Најмногу префериран од глобалните трговски компании оваа година е Лондон. Вториот најатрактивните град за трговците е Париз, а Москва останува на третото место, и покрај санкциите против Русија и нестабилната политичка средина. Другиот водечки руски град, привлечен за светските брендови, е Санкт Петербург, кој ја зазема 12-та позиција во рангирањето. Лондон, Париз, Москва, Милано и Рим се најмногу претпочинати и од трговците во луксузниот сегмент. Во првата десетка спаѓаат Милано, Мадрид, Рим, Истанбул, Минхен, Берлин и Барселона. На дното на листата се Белфаст, Нотингем, Хелсинки, Малме и Гетеборг. Компанијата истакнува во извештајот за 2015 година дека нема сомнение дека економските услови во Европа се подобруваат. "Довербата на потрошувачите, БДП и продажбата на мало се во многу подобра состојба отколку што беа пред 2 години", посочуваат експертите. Водечките градови на Европа продолжуваат да демонстрираат отпорност на секакви циклични и структурни промени. Тоа привлекува нови жители и туристи, што пак е предуслов за уште по активен развој на трговијата. Истовремено глобалните компании плаќаат највисоки кирии во Париз, Цирих и Лондон. Најактивни на пазарот се трговците од САД, проследено со италијанските брендови. Третата позиција е за британските компании, а четвртата и петтата - соодветно за германските и француските. На шестото место по активност се малопродажните синџири од Шпанија. Вкупно 13 од испитаните 25 светски синџири покриваат 80% од испитаните од компанијата пазари. За споредба, пред две години нивниот број беше 9. Истовремено бројот на трговците кои присуствуваат на под 20 отсто од пазарите, е намален до 35 отсто од испитаните компании наспроти 43 проценти во 2012 година За многу од трговците најпретпочитаниот пат за проширување е франшиза, особено на пазарите во развој, кои се и поризични. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени