28 Март, 2024
0.0371

ХАЏИДИНЕВ ЗА ФАКТОР: Во 2022 година планираме емисија на нова перпетуална обврзница

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

И покрај забрзаната вакцинација и предвидувањата дека со тој процес економиите ќе доживеат побрзо заздравување, се чини очекувањата не се исполнуваат со предвиденото темпо. Во Македонија, за следната година се очекува умерен раст кој ќе е условен најмногу од здравствениот предизвик, но и фискалните стимулации на кои се надева реалниот сектор. Фактор анкетира релевантни личности за тоа кои се нивните очекувања за оваа 2022 година. Владислав Хаџидинев, Извршен директор и член на УО на УНИБанка АД Скопје вели дека стратегијата за 2022 година е фокусирана да  продолжи трендот од последните години: зголемување на пазарниот удел, задржување на квалитетот на кредитното портфолио, подобрување на квалитетот на услугите и усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање

Во каква кондиција е домашната економија и кои се вашите очекувања за оваа 2022 година?

Сметам дека последните две години економијата претрпе шокови, што создадоа ризици за цели економски сектори. Ова е на глобално и на регионално ниво. Мерките што беа воведени помогнаа, меѓутоа нивниот ефект е ограничен. Економијата генерално има потреба да функционира на пазарен принцип.

Во 2022 година очекувам дека бизнис заедницата ќе направи обид да се врати во нормален режим на функционирање. За малите и средни компании на пример, трета година на ковид рестрикции би бил сериозен удар.

Како ја завршивте вие претходната пандемична година, какви се показателите од работата и со каква стратегија влегувате за оваа година?

УНИ Банка ја заврши 2021 година со добри перформанси. Профитабилноста ни е одлична - имаме поврат на капиталот над 12 отсто. Квалитетот на кредитното портфолио ни е еден од највисоките во банкарскиот сектор, гледајки го нивото на нефункционални кредити на банката, спрема нивото на пазарот. Адекватноста на капиталот ни изнесува над 17 проценти.

Во 2021 година, модернизиравме дел од мрежата на експозитури. Отворивме нова локација во East Gate Mall, што им овозможува на нашите клиенти да користат услуги и за време на викенд.

Инициравме трговија со инвестициско злато, што е нешто ново за македонскиот банкарски пазар.

Стратегијата за 2022 година е фокусирана да го продолжиме трендот од последните години: зголемување на пазарниот удел, задржување на квалитетот на кредитното портфолио, подобрување на квалитетот на услугите и усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање. Планираме и нова емисија на перпетуална обврзница, многу слична на продуктот што го издадовме во 2019 година.

Кои три работи очекувате сигурно да се случат во 2022 година, а кои три ги посакувате за себе и компанијата со која раководите?

Во 2022 година очекувам дека ќе има пораст на инфлацијата споредено со претходните години. Оттука сметам дека трендот на намалување на каматните стапки на глобално ниво ќе заврши. Во таква околина мислам дека и цените на имотите, храната, енергијата и акциите на компаниите ќе се зголемуваат.

Во однос на УНИ Банка, посакувам повеќе јасност, предвидливост и спокој за бизнисите и домаќинствата. Мислам дека сите имаме потреба од поголем оптимизам, за да можеме да работиме успешно и да одржуваме добро здравје.



Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра