19 Декември, 2025
0.0367

Хајредини:Буџетот е во колапс, се задолжуваме за редовни буџетски расходи

Објавено во: Економија 03 Април, 2016 11:02

Добивај вести на Viber

Владата се задолжува зашто не може да ги подмири редовните буџетски расходи, категоричен е поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа.  За фактот дека Владата пред некој ден се задолжи кај домашните кредитори за околу 25 милиони евра и на прашањето, што доколку Владата продолжи и понатаму со ова темпо на задолжување, тој вели дека ние немаме ни приближно претстава за состојбата на јавните финансии во Македонија. „Сакам да потенцирам и дека една од забелешките во извештаите на ЕК, која постојано се повторува во последните години е отсуството на каква било финансиска транспарентност. Во извештаите се спомнува и лошото менаџирање со јавните финансии. Значи, тоа не е само мислење на експерти и граѓани на Македонија, кои сме сведоци и постојано го повторуваме, туку се повторува и оценката дека управувањето со јавните финансии постојано се влошува за да дојдеме до крајот во ситуација таквите констатации да се повторат од самиот министер за финансии што го слушавме дека само лудаци го прават она што го правиме ние. Ова е фактичка состојба која сега кулминира. Во отсуство на странски извори, бидејќи не може и натаму Светска банка со интервенции со кои се фали министерот за финансии дека благодарение на неговите врски таму успевал да влијае и Светската банка да дава гаранции. Нема каде. Ни следува период кога ќе избијат барањата на буџетските корисници и на компаниите, особено градежните преку кои се испрани големи суми на пари преку Скопје 2014“ - изјави Хајредини. Според него, министерот за финансии Зоран Ставрески најдобро знае дека буџетот е во колапс.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар