Халк Банка АД Скопје партнер на Ракометниот Камп “Кирил Лазаров 7”
Објавено во: Економија 08 Јули, 2016 11:53
Халк Банка АД Скопје како Банка која покажува голем интерес и поддршка за спортот во земјава уште еднаш даде свој придонес за развојот на спортот и здравите навики , особено кај помладите генерации.
Поддршката на еден настан како што беше Ракометниот Камп “Кирил Лазаров 7” кој заврши на 30 јуни 2016 година, е уште еден успешен проект за развој и поттикнување на спортот и поддршка на спортските таленти во земјава , зад кој стои Халк Банка АД Скопје како спонзор-партнер на истиот.
Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, по втор пат оваа година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.
Кампот се одржа во хотел „Аквалина“ во Охрид, во две смени од 17-23 и 24-30 Јуни, а учесниците на кампот беа деца од Македонија, но и од девет други земји меѓу кои Босна и Херцеговина, Србија, Франција, Шведска, Исланд, Данска, Словенија, Црна Гора и Романија.
‘’Ни претставува особено задоволство да бидеме дел од ваков проект на чело со еден од најистакнатите спортисти во земјава , Кире Лазаров, каде освен селекција на млади и надежни играчи, особено внимание се посветува на надградба во делот на спортот, едукација за здрава исхрана и спортски бон-тон”, порачуваат од Халк Банка.
Покрај финансиската поддршка на кампот, Халк Банка им подари и симболични подароци на децата- учесници кои го прославија својот роденден за време на кампот –детски штедни книшки со почетен влог со цел стимулација на детското штедење.
Ова претставувува уште еден исклучително значаен општествено-одговорен подвиг , а поддршката од институциите и партнерите како Халк Банка е особено значајна за реализација на истите.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар





