18 Декември, 2025
0.4271

Халк Банка незадржливо го освојува пазарот! Го зголеми кредитирањето за 86 милиони евра!

Објавено во: Економија 08 Јули, 2022 07:59

Добивај вести на Viber

Кредитните пласмани на банката надминаа 800 милиони евра што е за 12 отсто подобар резултат од претходната година. Воедно Халк банка до крај на 2021 година во хартии од вредност пласирала вкупно 135,4 милиони евра

Халк Банка има одлична деловна година зад себе, во која не само што ја потврди туку и ја засили својата пазарна позиција во големата банкарска петорка. Податоците покажуваат дека , во друштвото на големи банки, Халк Банка останува најбрзорастечка банка на нашиот банкарски пазар. Резултатите за лани се импозантни и покажуваат дека рководството на банката во целост ги ангажира сите ресурси со цел зајакнување на својата пазарна позиција.

Нето приходите од камати лани се зголемени за феноменални 14 отсто и достигнале 30 милиони евра. Солиден и можеби позначаен индикатор за јакнење на пазарната позиција се гледа преку растот на нето приходите од втората по големина приходна ставка – нето приходите од провизии и надоместоци. Тие нето приходи се зголемени за 42 отсто и лани достигнале 5,6 милиони евра.

Банката има солиден раст на приходите и од курсни разлики иако тие се мала приходна ставка. Но на банката лани и донеле1,5 милиони евра што е за 12 отсто подобар исход од 2020 година.

Останатите приходи од дејноста достигнале 13,7 милиони евра што е за 2,3 милиони евра подобар резултат од претходно.

Очекувано, заради експанзивното кредитирање, банката има зголемени резервации за кредити и тие на крај на 2021 година изнесувале 3,5 милиони евра што е за 895.000 евра повеќе од претходната споредбена година.

За особено истакнување е тоа што Халк банка во овие пост ковид времиња вди особена грижа за своите вработени. Сумата што банката ја издвоила за плати изнесува 12,4 милиони евра што е за 1,3 милиони евра повеќе во споредба со претходната година.

Консолидираната добивката од работењето е намалена за 30 отсто во однос на претходната година и изнесува 6,5 милиони евра. Според единечниот биланс на успех и покрај зголемените резервации и останати расходи добивката на банката надмина 10,5 милиони евра што е речиси 20 отсто подобар резултат од претходната година.

Депозитите на крај на 2021 година достигнале вредност од 843 милиони евра и пораснале за 70 милиони евра во споредба со претходната година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа