06 Ноември, 2025
0.0705

Халкбанк започна со вршење SEPA трансфери во 40 земји членки како нов чекор кон европските стандарди и дигиталното банкарство

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2025 12:04

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје, од денеска, 7 октомври 2025 година, започнасо вршење кредитни трансфери во евра преку SEPA (Single Euro Payments Area) шемите на плаќање, овозможувајќи им на своите клиенти побрз, поедноставен и сигурен начин за трансфер на средства кон и од 40 земјичленки.

Со воведувањето на SEPA трансферите, банката ја потврдува својата определба да ги следи современите финансиски трендови и да обезбедува решенија кои ги усогласуваат европските стандарди со потребите на локалните клиенти. SEPA овозможува поефикасни, поевтини и безбедни плаќања во евра, како за правни, така и за физички лица, со фиксни провизии од 250 денари за испраќање и 200 денари за примање средства, без разлика на износот на трансакцијата.

Халкбанк е современа дигитална банка со широк спектар онлајн производи и услуги, кои им овозможуваат на клиентите да управуваат со своите финансии од било кое место и во секое време. Банката нуди e-banking решенија, дигитални кредитни и платежни услуги, како и иновативни алатки за персонализирано управување со финансиските текови. Воведувањето на SEPA трансферите е природен продолжеток на оваа стратегија, овозможувајќи трансакции кои се брзи, сигурни и целосно дигитализирани.

Со SEPA трансферите, Халкбанк ја зацврстува својата улога како водечка дигитална финансиска институција која постојано ги следи трендовите и создава решенија прилагодени на потребите на клиентите. Сите услуги се развиени со фокус на удобноста и сигурноста на корисниците, овозможувајќи им секојдневното управување со финансии да биде едноставно и безгрижно, затоа што за Халкбанк - Важни се луѓето.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Романот „Џинџуџе“ е потрага по вистината, убавината и добрината

Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Романот „Џинџуџе“ е потрага по вистината, убавината и добрината

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

Debit Mastercard Business – нова деловна картичка од Комерцијална банка за динамични бизниси

Debit Mastercard Business – нова деловна картичка од Комерцијална банка за динамични бизниси

Социјален експеримент: Што се случува кога од децата ќе побараме да нацртаат човек?

Социјален експеримент: Што се случува кога од децата ќе побараме да нацртаат човек?

Avenga Academy: Кога делата зборуваат – иднината се создава

Avenga Academy: Кога делата зборуваат – иднината се создава

ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025

ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025

Роденденска промоција на „хnula.mk“, од 5ти до 10-ти ноември!

Роденденска промоција на „хnula.mk“, од 5ти до 10-ти ноември!

Баланс+ – сојузник на лицата со дијабет во градењето на здрав и балансиран живот

Баланс+ – сојузник на лицата со дијабет во градењето на здрав и балансиран живот

Овој ноември Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка кампања

Овој ноември Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка кампања