10 Октомври, 2024
0.0264

ХАМАС МАЛТРЕТИРАЛ МАЛОЛЕТНИЦИ: Милитантите ги терале децата да гледаат видеа од злосторствата

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Израел тврди дека палестинската терористичка група Хамас ги малтретирала киднапираните деца. 

Портпаролот на израелската влада Ејлон Леви изјави дека семејствата на заложниците раскажувале ужасни приказни за заробеништвото. Тој ја цитираше тетката на 12-годишното момче дека милитантите му се заканувале на нејзиниот внук со пиштоли додека тој плачел и го терале да гледа ужасни видеа од злосторствата на Хамас. Леви додава дека една баба рекла дека киднаперите се заканувале дека ќе ѝ ги убијат двата внука, на возраст од осум и 15 години, и им рекле дека никој не сака да се вратат дома во Израел.

„Не можам ни да почнам да замислувам колкав е психолошкиот ужас и терор низ кој поминаа“, рече тој.

Хамас бара траен прекин на огнот во Појасот Газа како предуслов за ослободување на заробените припадници на израелските одбранбени сили (ИДФ) во преговорите со Израел, јави денеска египетската телевизија Ал Кахера ал Ехбари.

Осама Хамдан, висок функционер на Хамас, во интервју за телевизијата Ал Арабија рече дека „сè уште е рано и тешко да се зборува за ослободување на заробените војници во услови на тековно страдање на палестинскиот народ и продолжување на израелската агресија“. Според него, „услов за преговори е крај на војната“.

Хамдан потврди дека Хамас верува дека е можно продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за уште неколку дена.

Хамас на 7 октомври изврши напади на Израел, а потоа Израел почна офанзива во Газа. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи