ХАН ПРЕДУПРЕДУВА: Следниот голем бран ќе дојде од Либан
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2015 19:53
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан оцени денеска дека наредниот бран на бегалци би можел да дојде од Либан, „слабата земја во која состојбата е драмaтична“, пренесува германски „Велт“.
„Ме загрижува развојот на настаните во Либан. Состојбата во еден дел е драматична. Од таа земја би можел да тргне следниот бран бегалци“, рекол Хан и додал дека во Либан веќе се наоѓаат 1,2 милиони сириски мигранти.
Хан оцени дека Либан е најчуствителната земја во регионот, инсистирајќи на политичката нестабилност во таа земја, висока стапка на невработеност и лоша економија.
Како би го спречила бегалскиот бран, Европската унија одлучила во среда финансиски да им помогне на Либан, Јордан и Турција, кои во регионот примиле најголем број бегалци од Сирија и Ирак.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




