09 Октомври, 2024
0.0500

Хан со низа позитивни критики за Македонија, ја пофали и власта што ја вклучува опозицијата во преговори

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австриски „Стандард“ ја пофали власта во Македонија поради тоа што ја вклучува опозицијата во преговори, по неговата посета на Скопје во периодот кога се интензивираше потребата да се изнајде решение за иднината на СЈО, а потоа и за пописот. За состанокот со претседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Христојан Мицкоски, вели дека апелирал до него да продолжи да покажува конструктивен став. Тој додава дека Македонија треба да биде наградена со Датум за преговори по сите нејзини напори и се согласува дека земјата е една од ретките во регионот која што го има отфрлено национализмот.

– Другите влади во регионот многу добро знаат дека патот по кој оди Северна Македонија е вистинскиот. Во многу разговори ми го потврдиле тоа – но, однесувањето им е различно. Во овој контекст, политичарите во Северна Македонија се пример за воведување нов тренд. Така што, ако на Северна Македонија ѝ се дозволи отворање пристапни преговори во октомври, како што очекувам, тогаш се надевам дека тоа ќе влијае позитивно на целиот регион, вели еврокомесарот.

Во интервјуто посебно истакнува што земјата во последниот период добро си ја врши работата кога станува збор за одвојувањето на државата од партијата.

– Примерот со Северна Македонија покажува дека „заробеноста на државата“ може да биде надмината, бидејќи владејачката партија намерно одбра вклучувачки пристап и презеде мерки да ја одвои државата од партиските интереси. Ние ги почнуваме и завршуваме пристапните преговори со секоја земја со поглавјата 23 и 24 за правда и безбедност. Тоа значи дека нема пристапување ако критериумите поставени во овие две поглавја, како што се владеење на правото, слобода на медиумите, основните права и независно судство, не се исполнети, рече Хан.

Изразува надеж дека истрагата за случајот „Рекет“ ќе биде спроведена независно и темелно.

– Фактот дека се реагира веднаш и дека е почната истрагата е знак дека правосудството работи. Пристапот на Владата за интегрирање на СЈО во регуларното Јавно обвинителство како независен оддел ми се чини како добар пристап и се надевам дека законот ќе биде усвоен што поскоро, подвлекува Хан.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл