17 Декември, 2025
0.0403

ХАОС ВО БЕЛГРАД: Примила бездомник дома, и ја запалил зградата?!

Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2014 14:44

Добивај вести на Viber

Голем пожар избувна во висококатница во Нов Белград околу пладне денеска, при што три лица биле префрлени на Токсикологија заради труење со јаглерод моноксид. Состојбата на една од повредените е потешка. Огнената стихија започнала во еден од становите, но многу брзо зафатила уште три стана. Според станарите, пожарот избувнал кога една од сопственичките на становите во домот примила бездомник. По извесно време со него започнала кавга, а бездомникот се обидел да го демолира стаклото на влезната врата во зградата и лифтот во кој го искршил огледалото. Станарите повикале полиција, која интервенирала заради нарушување на јавниот ред и мир, но само што си заминала полициската патрола, во станот избувнал пожар, кој започнал неконтролирано да се шири. Сопственичката на станот од кој почнал пожарот во тој момент не била дома, а во пожарот биле повредени мајка и дете и една студентка. Противпожарните екипи се уште ги пребаруваат сите станови за да видат дали можеби во зградата има онесвестени и други лица со труење од јаглерод моноксид. По увидот конечно ќе се знае дали пожарот настанал од негрижа или намерно бил подметнат.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни