ХАОС ВО НОВИ САД: Полицијата не дава студенти на Медицински да помогнат на студент од ДИФ на кој му се слошило, турканици пред факултетот
Објавено во: Балкан 01 Септември, 2025 10:58
Полиција не им дозволува на студентите од Медицинскиот факултет да влезат на Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ) за да му помогнат на студент на кој му се слошило, пренесува Н1. Според телевизијата, полицијата го прави тоа бидејќи смета дека тоа е преголем безбедносен ризик.
Деканот на ДИФ во Нови Сад рано утрово провалил во факултетот низ прозорец и ја повикал полицијата. Родители, ученици и наставници протестираат пред Петтата белградска гимназија. Нема настава во повеќе училишта. Студентка на ДИФ преку прозорец им соопшти на собраните пред факултетот дека деканот нема да разговара со нив сè додека го држат факултетот под блокада.
Полицијата ги притиска насобраните од влезот во самата зграда на факултетот. Цело време има турканици од полиција и студенти.
Академската мрежа „Слободен Универзитет“ остро го осудува нападот врз студентите на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, наведуваат во соопштение доставено до Н1.
„Според информациите што ги имаме, во понеделник наутро, маскирани лица скршиле прозорец од зградата и влегле во просториите на таа институција. После тоа, била повикана полиција, која со опрема за нереди го блокирала пристапот до зградата. Со овој потег, друга институција на универзитетскиот кампус била преземена од полицијата“, стои во соопштението.
Во Нови Сад, денес се навршуваат 10 месеци од падот на настрешницата на железничката станица, кога загинаа 16 лица. Хоровите ги повикаа граѓаните да се соберат и да оддадат 16 минути молчење во 11:52 часот наутро, кога се урна настрешницата. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги поканија граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.
Во Белград, студентите и учениците во блокадата најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот.
Фото: Телевизија Н1* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





