19 Декември, 2025
0.0734

Хаосот на Сахара ги заглави индиските инвеститори кои вложуваат во недвижности

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2013 12:42

Добивај вести на Viber

Најновата акција од страна на индискиот пазарен регулатор СЕБИ кој ги замрзна парите на двете најголеми компании во сопственост на Сахара Груп, замрзна голем дел од проектите за изградба на недвижности, пишува индискиот весник Firstpost Busines. Хаосот кој што настана на пазарот нема да се регулира ниту за неколку години, со оглед на комлексноста на спорот кој се води во индиските судови. Како што пишува весникот, откако во јануари 2012 година, со писмено барање Врховниот суд во Индиија побара од компанијата Сахара недвижности да докаже дека групата е способна предвреме да ги исплати обврзниците, се гледаше почетокот на хаосот што допрва ќе настане. Иако од Сахара груп тогаш тврдеа дека дел од парите се префрлени на инвеститорите до крајот на ноември 2012 година, сепак средствата станаа на сметката на Сахара недвижности. По притисоците и судските опомени, индискиот пазарен регулатор СЕБИ, одлучи да ги замрзне банкарски сметки на две компании во состав на Сахара груп во вредност од 3 милиони долари, а притоа заплени и голем дел од недвижниот имот на индиската Групација, бидејќи според нив ова е најдобриот начин да Сахара да ги врати парите на инвеститорите. Но, како што пишува весникот, тука се отвара еден голем проблем, кој ја отежнува целата постапка и ги замрзнува сите градежни активности во земјата. Голем дел од имотот кој го заплени регулаторот веќе е заложен во банки и финансиски институции, по основ на кредити на земени од Сахара груп, со други зборови СЕБИ неможе да го продаде запленетиот имот на Сахара за да ги обештети инветситорите, бидејќи тука е вмешана и трета страна.  Запленети над 90% од недвижностите на Сахара сити хоум Во сопственост на Сахара групацијата се многу хотели, медицински установи, луксузни деловни згради, инфраструктура во Индија, имот вреден над 60 милиони долари. Според соопштението од СЕБИ, запленети помеѓу 90% и 95% од проектите на Сахара груп низ 64 града во Индија, кои се градат под името Сахара сити хоум. Правата на овие проекти се купени од Сахара груп за околу еден милион долари. Иако не се знае точниот број на недвижности кои ги поседува Сахара, сепак не е јасно колку од овое проекти се во сопственост на Групацијата, а колку од нив се на двете компании дел од Сахара груп, на кои им беа замрзнати сметките и на коишто регулаторот наложи да им ги вратат парите на инвеститорите. „СЕБИ ќе има големи тешкотии да ги „исчешла“ сите компании преку кои Сахара инвестирала и префрлала пари за проекти во недвижности. Секако ќе треба долго време за да се реши овој случај, кога ќе се земат во предвид сите судски постапки кои треба да се водат и кои може да таат со години“ пишува индискиот весник. Стапица за инвеститорите во недвижности Ако се тргнат настрана парите кои што треба да ги врати Сахара и блокираните средства на компанијата, она што во моментов е проблем во Индија, тоа се малите и средни инвеститори во недвижности кои се јавуваат како подизведувачи на проектите на Групацијата кои ќе претрпат огромни загуби. Инвеститорот кој претходно беше заробен меѓу одложени проекти, блокирана инвестиција, правни пречки и ескалација на кризата, сега се соочува со фактот дека никогаш нема да се реализира неговиот проект, откако СЕБИ ги блокираше средствата на Сахара. Според информации објавени во индиските медиуми, пред извесно време Сахара продаде големи проекти во градовите Бангалор, Мадрас и Мохали, со што клиентите кои инвестирале во овие проекти, исто така ќе се соочат со пропаст на инвестициите. Она што е полошо е тоа што СЕБИ треба да го продаде недвижниот имот за да ги исплати обврзниците, ќе ги заглави парите на инветситорите и ќе направи хаос во градежниот сектор. Процесот на решавање на случајот ќе биде многу долг и ќе  биде потребно долго време овие инвеститорите во недвижности да си ги повратат парите и штета која им е направена, пишуваат индиските медиуми. Што ќе биде со бизнисите во Македонија? Замрзнувањето на сметките на индискиот магнат Рој предизвика лавина реакции и дилеми во јавноста, дали Индиецот со оглед на ваквите случувања ќе успее да ги реализира најавените милионски  инвестиции во Македонија. Од Владата нема конкретен одговор дали проектот “Сахаријан Македонија” ќе биде загрозен, биејќи сеуште се чека официјалното сооштение од седиштето на компанијата во Индија. Милјардерот  Рој, во земјава најави изградба на луксузен туристички комплекс во Охрид, кој иако сеуште не официјален, веќе започнаа да се менуваат дел од законите неопходни за реализација на инвестицијата. Бизнисменот најави и купување на агрокомбинатот “Џумајлија”, а на Скопје најави дека ќе му подари грандиозен споменик на хуманитарката Мајка Тереза. Сите овие инвестиции засега остануваат само како најави, а што точно ќе се случува понатаму и дали луксузниот проект поради финансиските проблеми на Субарата Рој, ќе биде загрозен, ќе се знае откако Владата ќе го добие официјалното образложение од компанијата “Сахара”.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела