19 Декември, 2025
0.0445

ХАОТИЧНИ ИЗЈАВИ: Нафтата останува под 40 долари за барел

Објавено во: Економија 06 Април, 2016 11:03

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата благо пораснаа бидејќи Кувајт соопшти дека договорот за замрзнување на производството уште би можел да биде постигнат и покрај спротивните изјави на главните актери.

Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека опоравувањето веројатно нема да потрае поради тешката ситуација со преголемата понуда и слаба побарувачка до која доведе забавувањето на светската економија.

Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во мај скокнала 97 центи (2,7 одсто) на 36,86 долари за барел, а сировата нафта „брент“ за јунски испораки се искачила за 68 центи (1,8 одсто) на 38,55 долари.

Двата типа на нафта вчера доцна попладне почнаа да бележат раст, но цените и понатаму се далеку под нивото од 40 долари достигнато минатиот месец на крилата на надежта дека водечките произведувачи ќе постигнат договор за ограничување на продукцијата на состанокот во Доха на 17 април.

Цените на оваа сировина почнаа да тонат минатиот петок, после изјавата на саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Саламам дека неговата земја ќе се согласи на лимитирање на производството само ако ривалските произведувачи, како што е Иран, го прифатат истото.

Ирак, кој го зголемува производството после јануарското укинување на сакнциите воведени поради нуклеарнот програм на Техеран, инсистира на тоа дека таа земја не треба да биде меѓу оние кои ќе го лимитираат пумпањето на „црното злато“.

Кувајт, соопшти дека договорот за замрзнување на производството може да се случи и без Техеран.

Рик Спинер , главниот пазарен аналитичар во компанијата „CMC Markets“ во Сиднеј, вели дека трговците веројатно ќе ги почекаат резултатите од состанокот отколку да прават големи обложувања.

„Со оглед на хаотичните изјави... луѓето тие (изјави) веројатно само ќе ги игнорираат додека не ги погледнат резултатите од состанокот“, рекол Спинер во телефонска изјава за АФП.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар