ХАРИ КОСТОВ БАРА НОВ ДОГОВОР ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА И АДМИНИСТРАЦИЈАТА, ИЛИ ЌЕ ОСТАНЕМЕ ВО МАЃЕПСАНИОТ КРУГ - Груби му порача дека тоа бил кругот на НАТО
Објавено во: Економија 13 Август, 2021 12:32
Потребен ни е нов Рамковен доховор, или само договор, за економските реформи кои во земјава треба да се спроведуваат најмалку во следните 10 години, и тоа да се направи во соработка со науката и бизнисот, рече Хари Костов, поранешен премиер на земјава, и прв човек на Комерцијална банка, на конференцијата по повод Рамковниот договор.
Тоа го смета, како што објасни, од причина што политичките партии се толку поделени, што за ништо не можат да постигнат консензус.
Ни за една мерка, ни за тоа на која страна изгрева и заоѓа сонцето во земјава, рече Костов.
„СДСМ до изборите 2016 велеше дека ВМРО-ДПМНЕ неконтролирано ја задолжува државата и администрацијата се полни со партиски кадри, но и за дупката во пензискиот фонд, иако се надевам дека и двете партии се свесни дека во ПИОМ има толку голем дефицит што нема да можат да се исплатат месечните пензии ако не се префрлаат пари од буџетот. Кога дојде до смена на власта после тие избори партиите само наеднаш ги сменија улогите, а вокабуларот остана ист. Сега ВМРО-ДПМНЕ ги дава истите обвинувања.
Или, што би рекол еден мој пријател, ние 30 години се вртиме во маѓепсан круг на големи очекувања од секоја промена на власта, и потоа брзи разчарувања. Отсуство на вистински економски реформи и само гол популизам, голема корупција и навика да се живее со неа, партизација и поделеност на општеството“, објасни поранешниот премиер на земјава.
Ткн. Нов рамковен договор за економските реформи за кој се залага, како што објасни, би значел договор меѓу сите релевантни политички партии, со учество на науката и бизнисот, за економски реформи и мерки за кои ќе постои согласност дека ќе мора да се применуваат без оглед која партија ќе биде на власт, и за тие реформи потоа да нема партиски препукувања.
„Тие области би биле – задолженоста на државата и мерки за нејзино сведување во подносливи рамки. Во последнава деценија дојде до експлозија на задолженста на Македонија, главно како последица на Скопје 2014, а во последниве година две и заради справување со последиците од ковид кризата. Веќе драматично е стеснет просторот во кој Македонија ќе може да се задолжува за економски оправдани проекти во областа на енергетиката, патната и сообраќајната инфраструктура, образованието, здравството.
Следна неопходна реформа е рационализација на јавната администрација и преструктуирање на буџетската потрошувачка.
Државната администрација треба да се сведе на некоја разумна бројка, како што е тоа в земјите со слична големина, и да престне да се користи за вработување на партиски припадници, туку да се вработуваат според степенот на квалификации.
Буџетот во 2004 година беше 1,6 милијарди евра, а годинава е нд 4,4 милијарди, а во меѓувреме за толку не порасна ни стандардот на населението, ни стопанството“, рече Костов.
Ја потенцираше и потребата од Фискален совет, па и Валутен борд, со учество на соодветни експерти.
„Следно, но можеби прво, е борбата против корупцијата и организираниот криминал. Таа во Македонија достигна таков степен, што не помага назначување на некакви функционери за да ја сузбијат. Борбата против корупцјата треба да почне уште во образованието, да се обидеме младите да ги научиме што е тоа што е нормално и морално и прифатливо.
Си го поставувам прашањето дали сум толку наивен што очекувам партиите на моменти да заборават на својата поделеност и дека е можно да склучат ваков договор за економските реформи. Не сум наивен и знам дека овој мој предлог ќе наиде на тврди уши и игнорирање, како и во 2004 година. Сепак, партиите се чувствуваат удобно самостојно да ги трошат прибраните пари од стопанството и граѓаните кога се на власт, и жестоко да критикуваат кога се во опозиција. И затоа за жал мислам дека ние уште многу ќе продолжме да се вртиме во маѓепсаниот круг, се додек не се освестиме за вистинските обврски кон народот и посебно кон помладите. Мислам дека тоа им го должиме на помладите генерации“, рече Костов на крајот на своето обраќање, на што доби аплауз.
На ова првиот вицепремиер Артан Груби рече дека секогаш е добро да се има и малку опозиција на панелите, но, како што потенцираше „денеска во тој маѓепсан круг сме во кругот на НАТО“.
Н.Н.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





