Хари Костов вложи над 60.000 евра во акции на Комерцијална банка: Убав сигнал по објавата за дивидендата
Објавено во: Економија 11 Март, 2021 10:08
Нов убав сигнал за инвеститорите на Комерцијална банка. Ден откако банката извести дека поделбата на дивидендата нема да се случи по акционерското собрание, туку откако Народната банка ќе ја тргне времената забрна за поделба, денеска од банката известија дека Хари Костов, Главниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекнал со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Со овој потег Хари Костов вложува практично над 63.000 евра во банката чиј директор е повеќе од 20 години.
Инаку на почетокот на минатиот месец односно на 2 февруари Хари Костов волжи објави дека купил 1.000 акции во Комерцијална банка чија пазарна вредност надинува 120.000 евра.
И тогаш пишувавме дека неговото вложување, како човек кој има долго искуство и високо квалификувана експертиза во светото на финансиите, секако дека ќе биде охрабрувачки сигнал за малите акционери да вложуваат во таа акција или во најмала рака да не ги продаваат своите акции. Сега потегот на Костов може да се протолкува како сигнал дека дивиденда ќе има.
Како што веќе пишувавме „Комерцијална банка“ лани годината ја заврши со одлични резултати од работењето. Повеќе детали за финансиските резултати на „Комерцијална банка“ на следниот линк https://faktor.mk/zoshto-raste-cenata-na-akcijata-na-komercijalna-banka
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




