19 Декември, 2025
0.0575

Хашим Тачи добивал смртни закани од лидерот на „Исламска држава“

Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2016 11:29

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Косово и поранешен премиер Хашим Тачи изјави дека добил смртна закана најверојатно од лидерот на "Исламска држава" поради опозицијата против групата.

"Тоа беше закана за животот на мене и моето семејство", рекол Тачи во интервју за АФП.

Косовски сајт објави претходно оваа недела детали околу писмото, добиено во 2014 година, во времето кога Тачи се уште е премиер. Тоа било потпишано од Абу Бакр ал Багдади - лидерот на "Исламска држава" и во него Тачи е повикан да се откаже од посветеноста на Косово кон Западот или ќе се соочи со "голема одмазда".

Тачи, кој најверојатно ќе стане претседател по изборите на крајот од оваа година, потврди дека добивал писмо со закани од Багдади додавајќи исто така, дека тој "нема да попушти пред никакви закани" во борбата против исламскиот фундаментализам.

Околу 300 лица од Косово им се приклучиле на џихадистите на територијата на Ирак и Сирија во последниве години. Покрај население од 1,8 милиони луѓе тоа е најголемиот број на луѓе по глава на жител за цела Европа.

Според податоците на косовската Влада сепак во моментов само околу 70 луѓе се борат.

Тачи е поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) - бунтовничка албанска група за време на војната 1998-1999 година против српските сили на диктаторот Слободан Милошевиќ.

Армијата на Милошевиќ, која извршуваше етничко чистење на локалното албанско население, се повлече од областа по 11-неделни бомбардирања на НАТО и во 2008 година Тачи прогласи независност на Косово од Белград. До сега повеќе од 100 држави го признаа суверенитетот на најмладата балканска земја.

Во 2011 година, Советот на Европа го обвини Тачи за управувањето на организирана криминална мрежа за време и по војната, која е одговорна за убиства, трговија со дрога и човечки органи.

"Мојот живот беше загрозен од Милошевиќ и сега од" Исламска држава "... Со истите сојузници со кои ја освоив битката против Милошевиќ, ќе ка освојам и оваа против" Исламска држава ", рече Тачи за време на регионална конференција за безбедност во Приштина.

Косово се надева да влезе во ЕУ а Тачи предупреди дека секое забавување на интеграцијата на балканските земји во блокот "отвора место" за Русија, исламскиот фундаментализам и национализмот во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен