Хашим Тачи: Србија де факто го призна Косово за независна држава
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2015 12:58
Србија веќе „де факто го признала Косово како независна држава“, изјавил Хашим Тачи за време на интервјуто за австриското издание „Die Presse“.
„Секој ден Белград прави чекори кои водат поблиску до официјално признавање на Косово“, изјавил министерот за надворешни работи на Косово.
Нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина е дел од условите на Брисел, за да бидат започнати преговорите за членство на Србија во ЕУ. Во моментов односите помеѓу двете земји се одвиваат со посредство од страна на претставници на Европската комисија.
Тачи, исто така, коментирал за новосоздадениот суд, кој ќе ги казнува воените злосторства против граѓаните за време на српско-косовскиот конфликт. Тој изјавил дека создавањето на судската институција било тешка, но правилно решение за земјата, а Приштина нема што да крие, пренесува „Balkan Insight“.
„Важно е сите сега да сме транспарентни. Косово и онака нема што да крие“, изјавил Тачи.
Тачи одби да направи претпоставки кои ќе бидат можните обвинети и кои ќе бидат изведени пред судот.
„Имиња не треба да се дискутираат во моментов. Косово покажа зрелост во меѓународно ниво со својата одлука да создаде суд“, изјавил тој.
Судската институција беше создаденa сериозно од страна на меѓународната заедница откако работната група на ЕУ која ги истражува обвинувањата според кои борците на Косовската армија за ослободување (KAO) извршиле злосторства против граѓаните. Обвиненијата вклучуваат киднапирања, тортура и трговија со органи и се дел од извештајот на Советот на Европа од 2011 година.
Во извештајот се споменува и името на Тачи, политичкиот лидер на „KAO“ за време на вооружените конфликти меѓу Косово и српските сили. Актуелниот министер за надворешни работи сепак упорно негира какво било учество во злосторствата.
Судот ќе започне со работа следната година. т.н. „специјални комори“ ќе бидат создадени да работат на обвиненијата против борци на „КАО“.
Ветераните од конфликтот и некои партии од опозицијата сметаат дека создавањето на Судот е навреда против фер војната на „КАО“ против репресивното управување со Србија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




