Хашкиот суд бара 60 илјади евра од Ратко Младиќ!
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2013 18:35
Поранешниот командант на Армијата на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ на Судот за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, треба да му плати 60.000 евра на име трошоци за одбраната, пишува српскиот весник „Данас“.
Како што пишува весникот, Младиќ уште во јуни 2011 година го известил Трибуналот дека нема средства за да ги плати трошоците за одбраната, но истрагата на Судот утврдила дека тој поседува семејна куќа чија вредност ја надминува висината на средствата за неговите основни потреби и за потребите на луѓето со кои живее, а и Младиќ и неговата сопруга Босиљка секој месец редовно примале пензии и имале заштеди во банка.
По направената проценка на вредоста на имотот и на редовните месечни примања, Трибуналот констарирал дека Младиќ можел и требало сам да ја финансира својата одбрана пред Хашкиот суд.
Трибуналот сега бара Младиќ да плати 60.000 евра за одбраната, додека останата сума од трошоците за оваа намена ќе ги покрие Судот, пишува „Данас“.
Младиќ се товари за геноцид, кршење на законите и обичаите при војување и за злосторства против човештвото, извршени за време на Војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој беше уапсен во Србија во мај 2011 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





