Хекуран Дука разочаран затоа што коронавирусот повторно зема замав во Дебар
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020
Првиот човек на Општина Дебар, Хекуран Дука е разочаран затоа што повторно имаат нову случаи на заразени со Ковид -19.
„Поради непочитување на мерките повторно имаме новозаразени во Дебар“, вели градоначалникот Дука.
Рече дека трите позитивни случаи се од земените осум брисеви во понеделникот, а за седумте брисеви земени во вторникот сеуште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од вчерашниот скрининг на вработените во детската градинка, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.
Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. При тоа две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица
Во земјава денес има 164 заразени, и две починати лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.