ХЕМАТОМ НАД ОКОТО И ЗАД УВОТО, МОДРИНКИ ПО ВРАТОТ: Брутално претепано 8-годишно дете од цела група врсници, насилството трае со години
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2022 11:10
Осумгодишно момче беше брутално претепано од група негови
врсници во игротека во Врање
на роденденска забава, а
насилството трае подолго време, тврди мајката.
Јелена Ѓ. наведува дека насилството врз нејзиниот син започнало во прво одделение, прво вербално, нарекувајќи го „буцко“ и „дебело“, поради што малото момче почнало да не јаде.
„Од почетокот го навредуваа, го нарекуваа со погрдни имиња, а кога едно дете ќе почне да се однесува така, целата група продолжува. Јас сум најмладата мајка од сите родители во тој клас, неколку пати се обидов да разговарам со наставничката, но работата излезе од контрола“, рекла мајката.
Вербалното насилство на крајот прераснало во физичко, па еден ден малото момче се вратило дома со модринки на вратот од удари со тупаници. Мајката додава и дека нејзиното синче има проблеми со депресија и дека постојано избегнувахрана поради навреди за килограмите.„Со сопругот отидовме кај училишниот психолог и му објаснивме дека нашето дете има проблем на училиште. Не добивме повратна информација од психологот, а дознавме и дека наставничката не дозволува нашето дете да оди во тоалет“, тврди мајката.
Наведува и дека наставничката се бранела со аргументот „како само твоето дете го тепаат“.
"Мојот син сега има сериозни трауми и стравови, постојано крева раце кога му приоѓам како да се брани од нешто. Сè кулминираше со инцидент во игротеката, кога момчето беше физички малтретирано од цела група деца за време на речиси целата прослава.
- Го оставив и излегов по работата и се шокирав кога ми кажа дека го турнале, го удриле и скокнале врз него. Се сокрил во тоалетот, но не можел да го избегне насилството. Работничката во игротеката, кога дојдов да го земам детето, со насмевка ми рече дека се е во ред, освен една мала „закачка“. Меѓутоа, кога инсистирав да ги погледнам снимките од камерите, на ужас открив дека мојот син бил малтретиран два и пол часа - вели Јелена вознемирено и се прашува дали во такви објекти можат да работат луѓе без соодветни квалификации.
Мајката наведува дека случајот го пријавила во полиција и го однела детето на лекар и дека има докази кои потврдуваат дека момчето се здобило со повреди при малтретирањето. Таа на крајот додава дека се обратила и до Министерството за образование и дека нема да се откаже додека не се расчисти случајот и не се казнат одговорните.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




