19 Декември, 2025
0.0378

ХЕЗБОЛАХ ГО РЕКЕТИРА СЕДИШТЕТО НА МОСАД: Либан е во најопасните фази на копнената офанзива на Израел, ова се деталите

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2024 12:25

Добивај вести на Viber

Либанскиот премиер Наџиб Микати вели дека неговата земја се соочува со „една од најопасните фази“ во нејзината историја. Микати ова го изјави за време на состанокот на ОН, неколку часа откако израелските војници влегоа во јужен Либан.

Сирените за воздушен напад се огласија во областите околу Тел Авив во Израел. Израелски извори јавуваат дека биле пресретнати најмалку три проектили.

Како што соопшти израелската јавна телевизија КАН, од Либан биле истрелани 10 проектили кон централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.

Израелската брза помош Маген Дејвид Адом соопшти дека еден маж е повреден и е „свесен, со рана од шрапнел на главата, во умерена состојба“.

Од друга страна, висок израелски функционер за безбедност изјави за Би-Би-Си дека израелските копнени сили влегле во Либан „многу плитко“.

„Ги гаѓаме ракетните рампи на Хезболах, нивната инфраструктура веднаш до селата во северен Израел“, рече официјалниот претставник.

„Не можам да дадам бројки, но можам да ви кажам дека ова не е голема копнена инвазија“, рече претставникот, опишувајќи ја како „ограничена“ и „не како операциите на Израел во Газа“.

Истовремено, Хезболах тврди дека истрелал проектили врз седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад и во воено-разузнавачката единица во предградието на Тел Авив.

фото: EPA-EFE/STR

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела