06 Декември, 2025
0.0462

ХХХ и во новите решенија: Договорите за државна помош со странските компании останаа тајни

Објавено во: Економија 13 Мај, 2020 07:10

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што ветија, а тоа и беше еден од главните адути за напад на претходната Влада, актуелните владини претставници не објавија транспарентно ниту еден од договорите за доделување на државна помош со странските инвститори на кои ставија свој потпис. Фактор подолго време се обидува да ги добие сите договори од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони потпишани од 2017 досега, но тој обид остана неуспешен. Дури и известувањата за државната помош од Комисијата за заштита на конкуренција се со XXX, непознатата која ги карактеризираше сите договори кои ги склучи и Владата на Никола Груевски. Зошто ова останува практика, но и зошто и покрај тоа што согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите договорите се уште се склучуваат како индивидуална помош, а не по овој закон како шема на помош кој се применува за сите други домашни и странски инвеститори, не добивме одговор.

Првично, Александар Младеновски директорот на Дирекцијата за ТИРЗ прати одговор во кој имаше само листа на решенијата од Комисијата за заштита на конкуренцијата за склучените договори објавени во Службен весник. По нашето барање да ни ги достави целосно текстовите на договорите за државна помош, а не решенијата донесени од КЗК, од ТИРЗ го пратија следниот одговор:

„Решенијата од Комисијата за заштита на конкуренцијата содржат елементи кои се содржани во договорите за доделување на државна помош. Решенијата се објавени со елементите за кои компаниите сметаат дека не се деловна тајна согласно регулативата за заштита на конкуренцијата. Договорите не содржат назнака ДОВЕРЛИВО за класифицирани информации“, стои во одговорот.

Нема прецизен или речиси никаков одговор и зошто договорите како кои тие со Дура и со Кромберт и Шуберт (каде Владата ја застапува министерката без ресор Зорица Апостолска) се како индивидуална помош, со меѓусебни разлики во правата и обврските на корисниците на помошта. Три такви решенија се за Дура, односно станува збор за паралелни договори на ист правен субјект – ДУРА која е мајка фирма на локално регистрираните компании на Дура. Оттука, останува сомнежот дека извесен степен на  дискреција на владините претставници во  преговорите со странските фирми е се уште присутна.  

„Државна помош се доделува, согласно регулативата, за „продуктивна почетна инвестиција“ како што е дефинирано во регулативата. При тоа, постапката за секоја државна помош за корисниците на технолошките индустриски развојни зони може да се следи во согласност со Законот за технолошки индустриски развојни зони или Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како шеми на помош, но содржаните мерки во двата случаи се тие за кои дала одобрување Владата, пишуваат од Дирекцијата.

Александра Томиќ


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?