Хилари Клинтон до Путин: Проширувањето на НАТО е последица на руската политика
Објавено во: Свет 27 Септември, 2023 17:02
Екс американската државна секретарка Хилари Клинтон упати порака до рускиот претседател Владимир Путин.
Таа за време на својот говор во Стејт департментот му се обрати на Путин посочувајќи дека проширувањето на НАТО е последица на руската политика, пренесува „Ројтерс“.
„Штета, Владимир. Ти го направи ова сам“, рече таа.
Клинтон изјави дека луѓето сами избираат начин за влез во НАТО.
Претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин диктатор.
За изјавата на Клинтон реагираа од Кремљ.
„Клинтон е меѓу нас позната по нејзините обиди сѐ да преврти наопаку и да ги преврти тезите“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков вели дека што се однесува до редоследот на дејствијата на Владимир Путин, веројатно е неопходно да се потсети на Клинтон на бројните бранови на проширување на НАТО и приближувањето на воената инфраструктура на Алијансата до границата со Русија.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




