Хилари Клинтон ќе започне во недела кампања за претседателските избори во САД
Објавено во: Свет 10 Април, 2015 21:05
Хилари Клинтон во неделата ќе ја започне видео кампањата и по социјалните мрежи за лансирањето на кампањата за освојување на номинацијата на Демократската партија во САД за претседателските избори во 2016 година, соопшти претставник на нејзината партија.
Потоа поранешниот државен секретар ќе патува до Ајова и Њу Хемпшир - клучни Држави за освојување на внатрепартиските избори, додаде изворот, кој е близок до Клинтон.
Во претходната претседателска трка во 2008 година Хилари загуби од сегашниот претседател Барак Обама. Поразот се должеше делумно на вештата употреба на социјалните мрежи, со што Обама успеа да привлече внимание кон кандидатура и да собере голем број на гласачи за својата кампања со голем број мали донации, истакна „Ројтерс“.
Досега двајца сенатори републиканци поднеле официјални кандидатури за претседател - Ранд Пол и Тед Круз. Уште неколку водечки републиканци се очекува да влезат во трката во наредните недели и месеци.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




